Loading Video...
Фудбал
21. јуни 2020 - 19:15

Историска победа на Селта против Алавез

Селта оствари убедлива победа во битката за опстанок во шпанското првенство. Во Премиер лигата лесна победа на Њукасл против Шефилд Јунајтед.

На Ванда метрополитана Атлетико Мадрид го пречека Ваљадолид против кого оствари минимална победа од 1-0.  Мадридскиот тим му одаде почит пред мечот на српскиот тренер Радомир Антиќ кој почина во паузата од првенството како легенда на клубот  со кој освои шампионска титула и куп. Единствениот гол на средбата го постигна Витоло во 80-тата минута.

Неочекувано убедлива победа од 6-0 забележа екипата на Селта Виго против Алавез со што успешно ја продолжува битката за опстанок во Ла Лига со Мајорка која има сега 4 бода помалку .

Серијата голови ја започна Муриљо а потоа од пенал прецизно стрелаше Аспас. Во продолжението од мечот два гола постигна Рафиња откако гостите останаа со играч помалку  по што Нолито повторно од пенал зголеми на 5-0 за тешкиот пораз на Алавес го потврди Санти Мина во 86-тата минута.

Во меч од англиската Премиер лига Њукасл славеше со 3-0 против Шефилд Јунајтед екипа која се бори за излез во Европа.  Сите голови беа постигнати во второто полувреме преку Алан СЕн Макимини, Ричи и Желингтон.  Со оваа победа Њукасл е далеку од опасната зона и е 12-то пласиран.