Истрага против четири лица, а за тројца побаран притвор после големата акција во Куманово: „Падна“ лихварска група

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари и изнуда. За тројца од нив е доставен предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Четвртиот осомничен одреден период е надвор од државата.
Според ОЈО ГОКК, групата ја формирал првоосомничен, жител на Куманово. Во периодот од 2021 година со сериозни закани изнудувала пари од оштетени лица, најчесто злоупотребувајќи ја нивната финансиска зависност поради претходно земени позајмици.
-Оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако, во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар. Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост - соопшти ЈОРСМ.
Обвинителството наведува дека осомничените потоа продолжиле да ѝ се закануваат на жената за да им го предаде возилото и да го исплати наводниот долг. Врз основа на фиктивните договори, сопственоста на автомобилот била префрлена на еден од осомничените, по што жената била принудена да им исплати и дополнителен паричен износ.
-Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако, согласно договорите за заем ги вратил паричните средства, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина- наведува ЈОРСМ.

МИА
Ново на Сител
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата