-->
-->
Истрага против три лица за загрозување на животната средина со отпад во Охрид
-->

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата „Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
