Истражување: Коронавирусот угинува во вода на собна температура за 72 часа

Експерти од рускиот Државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ спроведоа истражување за можноста на коронавирусот да живее во вода.
„Околу 99,9 проценти од неговите честички умираат на собна температура на водата за 72 часа“, соопшти прес-службата на Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот.
Како што пренесува руската агенција ТАСС, докажано е дека вирусот не се размножува во дехлорирана и солена вода, но може да се зачува.
Времето на деактивирање на новиот коронавирус директно зависи од температурата на водата.
Во вода на собна температура 90 отсто од вирусот Ковид-19 угинува во рок од 24 часа, а 99,9 отсто во рок од 72 часа, се наведува во соопштението.
Врелата вода доведува до негова целосна деконтаминација и истребување, додека во хлорирана вода коронавирусот целосно ја губи одржливоста.
„Како што температурата на водата се зголемува, бројот на одржливи честички на вирусот значително се намалува“, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
