Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, ама никој не ја пријавува
Здравје за пари - реалност која се уште ја живеат граѓаните. Истражувањето на здружението ЕСЕ открва дека корупцијата се уште е длабоко вкоренета во македонското здравство. На двесте лица, од вкупно анкетирани 1200 им било побарано, или сами дале поткуп.
Во најголем број од случаите граѓаните нудат пари на здравствените работници за да им се заврши некоја услуга. Во 20% од случаите корупцијата е во вид на поклон. Потоа следуваат познатите практики на праќање во аптека да се купи конкретен лек или препраќање во приватна здравствена установа.
„Најчесто според истражувањето корупцијата се бара или се дава на повисоки нивоа на здравстгвена заштита, при добивање на некои специјалистички услуги, особено за болничко лекување, операција, а клучниот проблем зашто всушност се бара или дава слободно термини е поради тоа што нема слободни термини, како и лимитираниот број на специјалисти во одредена област“, изјави Дарко Антиќ, програмски координатор во ЕСЕ.
Лицата кои доаѓаат од руралните средини, се многу поподложни на корупција во споредба со оние од градските средини. Интересен податок во истражувањето е дека мажите здравствени работници бараат повеќе корупција, во споредба со жените.
Загрижувачки е податокот дека секоја четврта жена опфатена со истражувањето поткупила здравствен работник за да добие подобра услуга од гинеколог.
„А пак секоја петта е спремна да даде корупција во услови кога е бремена или во услови при породување, или грижа за деца или некое старо лице“, додаде Антиќ, програмски координатор во ЕСЕ.
Многу често корупцијата се поистоветува со благодарност, па затоа уште потешко се детектира и да се намали корупцијата, изјави Борјан Павловски, координатор на програма во ЕСЕ.
Доктор барал секс со пациентка, во замена за здравствена услуга. Во ваква ситуација се нашле тројца испитаници.
Во истражувањето учествување 1040 испитаници преку телефонска анкета, а 90 испитанички во фокус груи во Прилеп, Битола, Штип, Свети Николе, Куманово и Тетово.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
