Македонија
7. March 2025 - 16:53

Истражување на Реактор: Жените и девојките имаат страв од возење во автобус

И вообичаеното возењето со автобус и шетањето во парк внесува страв кај жените и девојките, покажува истражувањето на Реактор. Најголемиот дел од испитаничките одговориле дека или сами тие доживеале, или барем познаваат жена која била жртва на родово-базирано насилство на јавен простор. Најчесто доживеаните инциденти се: зјапање, свиркање и дофрлување, несоодветни коментари за изглед, пцуење и вулгарни гестови.

Оттаму ги охрабруваат сите жени да ги пријавуваат ваквите инциденти, за да бидат безбедни, посочувајќи дека пријавувањето и документирањето на насилен инцидент, испраќа порака до другите жени дека не се сами. 

Во очи Меѓународниот ден на жената, за утре е најавен протестн марш со почеток во 13 часот, со цел да се излезе на улиците и да се испрати пораката дека ниту една жена не прифаќа да живее во страв.