Истражување на Штипскиот Универзитет: Домаќинствата најголеми загадувачи
Аерозагадувањето и натаму тема на која се бараат решенија но процесот оди бавно. Најбрзо решение е да се промени начинот на затоплување кај институциите но и домаќинствата. Според истражувањето на штипскиот универзитет, спроведено од октомври 2020 до декември 2021 во скопските населби Ново Лисиче и Карпош, мерењата покажале дека за загадувањето најголемо влијание имаат домаќинствата и сообраќајот.
Министерот за животна средина како долгорочно решение го гледа гасоводот кој најави дека треба да биде завршен најдоцна за 4 години.
Градоначалничката на Скопје најави до крајот на годината дека сите училишта ќе добијат алтернативен начин на греење.
Со проектот на УНДП се опфатени 100тина куќи во Лисиче каде веќе се променети фасади, прозорци и врати како и поставување на инвертер клими
За студијата се собирале примероци за загадувачите од две постојани и три мобилни локации во Скопје.Проектот е финансиран од Шведската агенција СИДА во соработка со УНДП , УГД ШТИП И ГРАД СКОПЈЕ.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
