Истражување: Негативното го надминува позитивното на социјалните медиуми
Поверојатно е дека политичките објави на социјалните медиуми ќе станат вирални доколку во нив се критикуваат противниците, во споредба со оние што се поддржува колега со ист политички став, покажа британска студија.
Аналитичарите од Кембриџ проучуваа речиси три милиони твитови и објави на Фејсбук од американските медиуми и политичари и открија дека оние во кои се исмејуваат ривали ќе бидат двојно почесто споделени од објавите што поддржуваат колега од ист политички спектар.
Исто така, беше откриено дека објавите за политичките противници добија повеќе од двојно лути емотикони од „лајкови“ на афирмативни објави.
– Удирањето по политички противник е најдобриот показател дека објавата ќе стане вирална. Истото важи и за оние што се наклонети кон демократите и оние кон републиканците, без разлика дали се работи за Фејсбук или Твитер, вели авторот на студијата Стив Ратје од Кембриџ.
– Социјалните мрежи не држат максимално ангажирани поради продажбата на реклами. Таквиот бизнис модел на крајот ги наградува политичарите и медиумските компании кои произведуваат содржина со цел поттикнување поделба, додаде тој.
– Нашата студија сугерира дека чувствата на омраза многу повеќе го привлекуваат вниманието на корисниците отколку позитивните емоции во кои се изразува љубов, што веројатно поттикнува опасна политичка клима, заклучи тој.
Ново на Сител
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги
-
Само двајца пиротехничари ја покриваат цела Македонија, од ДЗС најавуваат промени
-
Панахида за Тодор Александов во штипско Ново Село