Македонија
31. August 2025 - 16:32

Панахида за Тодор Александов во штипско Ново Село

Со панахида во црквата Успение на Пресвета Богородица во штипско Ново Село и полагање на цвеќе пред споменикот, одбележана 101 годишнината од убиството на Тодор Александров. Според претседателот на патриотскиот институт при ВМРО ДПМНЕ, Александров е еден од главните столбови за формирање на современата македонска држава.

-За мене како Македонец, историчар и политичар, токму Тодор Александров е еден од славните македонски синови на кои им должиме тоа што ние сега ја имаме Р. Македонија како држава, изјави Александар Пандов, претседател на Патриотски институт - ВМРО-ДПМНЕ.

Поновата македонска историографија од 90-тите години на минатиот и почетокот на овој век, го рехабилитираше ликот и делото на штипскиот војвода.

-На секој еден му е јасно дека тој е Македонец роден во Штип, во Ново Село, работел и дејствувал како Македонец, работел за македонската кауза, идејата за автономна и суверена Македонија била негова мисла водилка, додаде Пандов.

Панахидата за Алаксандров годинава се одржа по 30-ти јубилеен пат.