Loading Video...
Фудбал
9. October 2022 - 14:10

Италија, Англија, Украина и Малта противници на Македонија во квалификациите за ЕП 2024

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација немаше среќа на денешната ждрепка за квалификациите за ЕП, па црвено-жолтите се најдоа во можеби најсилната квалификациска група. 

Познати се групите за квалификациите за Европското првенство во фудбал што ќе се одржи за две години во Германија. 
 
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде дел од Ц групата во квалификациите за Европскиот шампионат што во 2024 година ќе е одржува во Германија. 
 
Финалистите од последното ЕП, актуелниот шампион Италија и вице-првакот Англија, заедно со Украина против која игравме на својот дебитантски настап на ЕП, како и селекцијата на Малта се нашите противници во Ц групата.
 
„Потешка група не можевме да добиеме. Сами да биравме, потешко не можевме да избереме. Добивме врвни репрезентации за ривали и ова ќе биде еден голем фудбалски предизвик за сите нас“ , е првиот впечаток на селекторот Благоја  Милевски.
 
Циклус на квалификации почнува во март месец следната година и ќе заврши во ноември. Пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.