Македонија
4. September 2025 - 21:24

Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години

Физибилити студија за затворање на депонијата Вардариште веќе 11 години стои во фиока. Експертите од Градежен институт со странски консултанти направиле детални истражувања со кои пресметале дека за 7 милиони евра може да се стави крај на еколошката катастрофа.

Оттогаш до денес ниту една власт не почнала со реализација на планот. Понудиле три опции но ниту една од нив досега не избрана за да се реши деценискиот проблем. Депонијата е отворена рана, старее но не мирува вели експерот за управување со отпад и заштита на животната средина Филип Иванов. Како добар познавач на состојбите тврди дека Вардариште е темпирана бомба и еден од најголемите загадувачи во главниот град. 

Во прашање не се желби или идеи на поединци туку законска обврска која произлегува од ЕУ директивите кои налагаат не само справување со депонијата туку и мониторинг и грижа во наредните 30 години по затворањето. 

Ако утре се почне со работа, според Иванов најоптимистично сценарио да се капира депонијата е 2029година.

Површината на Вардариште е на државното земјиште која се протега на 42 хектари од кои на половина од нив се депонирало отпад. Самата депонија и секојдневното палење на отпад од најразличен вид на оваа локација, продуцираат најопасни честички кои штетат не само по општото но и репродуктивно здравје на луѓето кои ќе остават последици и на идните генерации.