Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
И самата Антикорупциска, но и парламентот ќе мора да преземат акција да ја спречат штетата врз угледот на институцијата што ја предизвикува актулената претседателка Татјана Димитровска која упорно останува на функцијата и зема плата и покрај тоа што за неа има обвинение за две кривични дела, смета поранешната претседателка на оваа институција Билјана Ивановска.
Според неа, нема потреба да се чека правосилна судска пресуда за Димитровска или нејзина оставка, туку треба да се оди на разрешување со тоа што претходно ќе се утврди дека таа ја злоупотребила својата положба.
Ивановска потсетува дека во поранешниот состав токму Антикорупциската комисијата има утврдено дека вработни во јавниот сектор ја злоупотребиле својата службена положба затоа што не ги извршувале своите работни задачи, а земале плата.
Откако останатите партии најавија дека ќе чекаат претседателката на ДКСК сама да се повлече од функцијата или да заврши судската постапка, најавува иницијатива за разрешување на Димитровска.
Но, засега дури ни опозициската СДСМ не е сигурна дали ќе го поддржи ваквиот предлог.
Обвинителството во петокот против Димитровска поднесе обвинение за оддавање на службена тајна во случајот Адитив и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат. Уште во текот на истрагата таа објави дека нема намера да се повлече од фунцијата, бидејќи смета дека без судска пресуда, секој е невин. Судот тогаш и одреди мерки на претпазливост: забрана да постапува во предмети на ДКСК, не смее да прима пошта, а и го одзеде и пасошот. Сепак, тоа не ја спречува да ја зема својата функционерска плата која изнесува над 2 илјади евра.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар