Македонија
11. August 2021 - 16:50

Изборите распишани, партиите се уште се договараат за изборните правила

Ќе има ли нов обид да се донесат измените на Изборниот законик веднаш откако пратениците во понеделник ќе се вратат од годишен одмор? Собраниски извори за Сител коментираат дека доколку има договор з апромена на изборните правила до крјаот на оваа недела, седница веројатно би се закажала на 17 август односно во вторник. Измените останаа заглавени поради рекациите на помалите партнери околу праговите за независни и советнички листи и забраната за фејсбук рекламирање.

Официјално најголемите партии од власта и опозицијата и власта со различни информации дали има преговори за изборните правила по распишувањето на изборите. Од СДСМ се надеваат на договор.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, велат разговори нема, но подоготвени се за отстапки.

Собранискиот спикер Џафери уште при распишувањето на изборите нагласи дека иако нема законска пречка, менување на изборните правила кога веќе течат одредени рокови не било исправно. Ставовите на ОБСЕ/ОДИХР се дека не треба да се менуваат изборните правила најмалку 6 месеци пред избори, а на оваа укажаа и претседателот Пендаровски и Антикорупциската комисија.

Во меѓувреме, течат предизборните активности. Од Државната изборна комисија информираа дека  почнати се состаноци со германската фирма „Дермалог“ која го доби тендерот за набавка на читачите на отисоци од прст.

 „Се вршат завршни консултации за финализирање на текстот на договорот и негово потпишување. По ова, веднаш почнуваат да течат роковите за испорака на техничката опрема“, велат од ДИК.

Плановите се во првите недели да бидат испорачани околу 200 читачи кои ќе служат за обука на членовите на избирачките одбори. МВР веќе ги достави информациите за отисоци на прст на државјаните запишани во Избрачкиот список до ДИК за да можат да бидат користени на денот на гласањето.