Изборите во 2026 година ќе бидат најважните во модерната историја на Србија, најавува Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Зрењанин изјави дека изборите во 2026 година ќе бидат најважните избори во модерната иднина на Србија, но не прецизираше кога ќе бидат распишани тие парламентарни избори, иако студентите во блокада и граѓаните кои ги поддржуваат веќе неколку месеци бараат нивно распишување.
Упатувајчи критики до опозицијата, тој наведе дека на тие избори изборот ќе биде помеѓу неутралност и независност и економски развој и гледање на вревата на државата и враќање во минатото.
Вучиќ ги замоли поддржувачите и членовите на СНС да се борат уште посилно за земјата на тие избори, „кога и да се“, и им вети лична помош, иако, како што рече, повеќе не може да се кандидира за претседател на Србија.
– Сакам да победам поубедливо од кога било досега – рече тој.
Тој ја обвини поранешната влада и сегашната опозиција за корупција, нарекувајќи некои од нив „шарлатани“, и најави голем собир во Нови Сад, по годишнината од падот на бетонската настрешница во тој град кога загинаа 16 лица.
Тој исто така рече дека годишнината ќе биде одбележана со почитување и на православните и на католичките обичаи и со барање за правда, а не, алудирајќи на оние кои ја обвинуваат владата дека е одговорна за несреќата поради корупција.
СНС ја прослави својата 17-годишнина во Зрењанин, а заедно со својот претседател Милош Вучевиќ и партиските функционери, на собирот присуствуваше претседателот на Србија, еден од основачите на таа политичка партија.
МИА
Ново на Сител
-

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел
-

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди
-

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
