-->
-->
Избрана Комисијата за гласање на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
-->

На конгресот на ВМРО - ДПМНЕ во Кавадарци едногласно беше усвоен документот „Ново поглавје Стратегија: Македонија 2030", што станува основната програмска рамка за дејствување на партијата до 2030 година.
Избрана е и изборната комисија за спроведување на изборот за претседател на ВМРО ДПМНЕ. За претседател е избран Зоранчо Јованчев, а членови се Мевмед Џафери, Сашо Клековски, Марија Митева, Ристе Симеонов, Владимир Нелоски и Жаклина Пешевска.
Според Статутот и Деловникот, право да предложат кандидат имаат делегатите на конгресот. За единствен кандидат за претседател е предложен актуелниот лидер Христијан Мицкоски.
Изборната комисија е задолжена да ги провери формално-правните услови за кандидатура и да ја спроведе постапката за гласање.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
