Изгасен пожарот во близина на Атина – на островот Крит ставен под контрола
Големиот пожар што вчера избувна во близина на пристанишниот град Рафина во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина е целосно изгасен, додека пак на островот Крит е ставен под контрола, меѓутоа пожарникарите се во состојба на готовноста за да спречат евентуални нови разгорувања, јави дописничката на МИА од Атина.
Пожарот кај градот Јерапетра во југоисточниот дел на островот Крит избувна во средата, поради силниот ветер брзо се прошири и беа евакуирани илјадници жители и туристи од околните места.
Доцна синоќа имаше ново разгорување во непрооден дел, но веднаш беше ставено под контрола, додека утрово не постои активно жариште.
Интервенираат 230 пожарникари со 13 пешадиски тима, 46 возила и група беспилотни летала, како и воздушни средства.
Според локалните медиуми од островот, во општините зафатени од пожарот прогласена е вонредна состојба.
И на Крит и во близина на Атина, во големите пожари изгореа домови, а дополнително ќе се проценува предизвиканата материјална штета.
Ново на Сител
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба