Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
Голема материјална штета предизвика пожар во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани.
Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираа дека околу пладне добиле повик за интервенција во фабриката што се наоѓа во индустриската зона на влезот во градот, по што се упатиле со четири возила и 12 пожарникари.
-Гасењето на огнот беше во специфични услови со оглед што се работи за лесно запалив материјал. Со брза интервенција успеавме да го локализираме и да ја отстраниме сериозната закана да се прошири и на околните објекти. За среќа, освен материјалната штета, нема повредени вработени во фабриката, ниту пак припадници на нашата противпожарна единица, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Увид на местото на пожарот прават полициски службеници од ОВР – Кочани, кои треба да ги утврдат причините за избувнување на огнот.
Пожарот во фабриката за стиропор во Кочани е втора поголема огнена стихија за само два дена, откако во вторникот во кругот на транспортна компанија во населбата Оризари изгореа три автобуси и едно патничко комбе.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК
-
Перински: И да не бидам кандидат ќе вложам максимум да помогнам
-
Комората на Македонија-Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован се невестата и зетот за годинашната Галичка Свадба
-
Дел од занаетите стануваат дефицитарни
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња