Изгаснат пожарот во прилепската населба Варош
Изгаснат е пожарот што избувна попладнето во близина на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во прилепската населба Варош. Прилепските пожарникари остануваат на терен за да ја следат ситуацијата. Горела сува трева, а биле зафатени и две дрва, но нема никакви други штети на околни објекти во населбата Варош.
Според заменик-командирот на прилепската противпожарна единица Виктор Стојчески, за пожарот добиле пријави околу 15:45 часот. Бил зафатен простор со сува трева под манастирот во близина на патот во населбата Варош.
-Испративме две екипи со вкупно пет возила и 15-тина пожарникари. Голем проблем беше ветрот, но потоа ни помогна дождот во сузбивањето на оваа огнена стихија. Нема зафатено објекти, ниту други градби. Сепак нашите екипи остануваат дежурни на теренот, ни рече Стојчески.
Пожарот е изгаснат околу 17 часот. Според Стојчески, голем е сомнежот дека е намерно предизвикан за ветрот да го рашири.
МИА
Ново на Сител
-
Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници
-
Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари
-
Српскиот премиер повикува на дијалог и мир по синоќешните немири во Нови Сад
-
САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците
-
Израелска армија: Цивилите да се евакуираат од градот Газа кон југ
-
Сончево и топло со температури до 36 степени
-
Украинско МО: Моментално на територијата на Украина има околу 700.000 руски војници
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица до еден час