Македонија
7. September 2025 - 20:45

Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината

Делумното лунарно затемнување на Месечината вечерва се набљудува и од Паркот на паднатите борци во Неготино. Телескопите се поставени од страна на регионалното еколошко друштво „Ековита". 

- Станува збор за посебна вечер под ѕвезденото небо,  го набљудуваме спектаклот на месечевото полузатемнување. Ја следиме трансформацијата на месечината. Имаме поставено телескопи на споменикот. Активноста е поддржана од Општина Неготино, појаснија од „Ековита".

Ваквите настани, како што појаснија, стануваат традиција во Неготино, поради интересот кај сите љубители на вакви активности.

 

МИА