Изгореното тело во автомобилот во Богданци е на 17-годишна девојка – неофицијално, момчето ја убило, па се обесило
Само 17 години имала девојката чие изгорено тело вчера било пронајдено во запален автомобил во Богданци. Според неофицијалните информации до кои дојде Сител, истрагата се сомнева дека малолетничката била убиена од нејзиното 21-годишно момче, кое исто така било пронајдено мртво во близина на возилото.
Според непотврдени информации, момчето си го одзело животот со бесење. Засега не е познато под какви околности починала девојката, а поради состојбата во која било пронајдено нејзиното тело, повеќе одговори се очекуваат од обдукцијата и вештачењата.
Според информациите до кои дојде Сител, 17-годишната девојка подолг период била жртва на насилство од страна на своето момче. На почетокот на минатиот месец таа го пријавила во полиција, по што 21-годишникот бил приведен.
Како што тогаш соопшти МВР, на 1 октомври, во 1:10 часот, полициски службеници го лишиле од слобода 21-годишниот жител на Богданци, откако претходната вечер, на 30 септември, физички ја нападнал својата 17-годишна девојка во неговиот дом.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а полицијата најавила соодветна пријава по документирањето на настанот. Засега нема информации каква била понатамошната постапка и дали случајот добил судска разврска.
Трагедијата била откриена вчера, околу 18:40 часот, кога жител на Богданци пријавил опожарен автомобил на местото викано „Ичева чешма“, во Горно Село, во чија близина забележал безживотно тело.
Полициските службеници утврдиле дека станува збор за 21-годишниот В.Г. од Богданци, чија смрт била констатирана од екипа на Итната медицинска помош.
По локализирањето на пожарот, во возилото било пронајдено уште едно изгорено тело.
Од МВР потврдуваат дека е извршен увид по насоки на јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, а телата се предадени на обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.
Полицијата и обвинителството преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата.
Ново на Сител
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
-

Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво
-

Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни двојки до 40 години
-

Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството
-

Почина Алан Џонс, шампионот во Формула 1 од 1980 година
