Македонија
5. November 2026 - 14:10

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА

Над 300 килограми кокаин биле запленети во Германија, благодарение на брзата размена на информации меѓу Одделот за криминалистичка полиција при македонското МВР и американската Агенција за борба против дрога ДЕА.

Според неофицијални информации, дрогата била скриена во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор пристигнал на пристаниште во Холандија, а оттаму бил транспортиран во Германија.

По размената на информации меѓу македонската криминалистичка полиција и американската ДЕА, германската полиција го открила сомнителниот товар и запленила над 300 килограми кокаин.

Оваа заплена ја истакнува значајната улога на македонската криминалистичка полиција во меѓународната борба против трговијата со дрога, како и важноста на соработката меѓу полициските служби од различни држави.

Ново на Сител