Изграден нов дел од продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и други државни функционери денеска направија увид во изградениот дел од новото продолжување на должината на булевар „Видое Смилески-Бато“ во Тетово. Изминатите неколку месец оваа делница се прошири за 650 метри од вкупно предвидени 1783 метри во правец кон населеното место Порој.
Градоначалникот на Тетово, Касадми посочи дека се работи за инвестиција од околу 1,1 милиони евра што предвидува асфалтирање на околу 700 метри должина со сите пропратни инвестиции, канализација, фекална и атмосферска, осветлување, тротоари, зеленило.
- Ова е еден најголемите проекти за Општина Тетово, со што ние навестуваме дека во оваа година уште поинтензивно ќе продолжиме заедно со нели поддршка на Владата, ќе продолжиме да инвестираме во подобрување на целата инфраструктура на општина Тетово, изјави Касами.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, рече дека за него е големо задоволство што може да присуствува на нов настан, важен за градот и за сите граѓани во Полошкиот регион, кои ќе имаат корист од овој проект. Тој посочи дека ова е пример дека неселективно Владата доделува средства за општините.
- Нешто што порано можеби изгледаше невозможно, со напорната работа на градоначалникот, со напорната работа на советниците, на администрацијата, на пратениците — овој проект конечно доби своја димензија и форма. Јас сум уверен дека овој настан ќе ги доближи работите. Она што можам да го кажам и повторно да го нагласам е дека до овој момент се пријавени околу 416 проекти од 56 општини во рамки на Министерството за локална самоуправа за финансирање на втората фаза. Оваа влада ги релоцира средствата од буџетот кон општините кон сите општини — без разлика дали градоначалникот е од редовите на оваа влада, од опозицијата или е независен. Нови 15 милијарди денари, кога ќе се додадат на претходните 6 милијарди од првиот повик, значи вкупно 21 милијарда денари, истакна Мицкоски.
Министерот за животна средина Изет Меџити, посочи дека Министерството за животна средина учествуваше во изградба во рамките на бројните проекти што ги поддржува низ целата земја.
- Ова е еден од главните сообраќајни правци и за преоптоварениот сообраќај за Тетово, така и во визуелниот аспект, бидејќи ваков булевар со највисоки стандарди го прави Тетово подобар град за живеење, рече Меџити.
Мицкоски информираше дека формирана е работна група од македонска страна и од косовска страна којашто ќе работи на патниот правец којшто Тетово треба да го поврзе со Призрен.
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај
-

Од крајот на јуни стартува меѓуградскиот воз Прилеп-Битола, наскоро и карго сообраќајот
-

Зеленски: Русите лансираа повеќе од 2.300 дронови кон Украина
-

Трамп: Брзањето во преговорите со Иран би можело да ги поткопа шансите за постигнување поволен договор
-

Дебранец возел без возачка, со 2,73 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет
-

Приведен жител на Росоман поради закани кон градоначалникот на социјални мрежи
-

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд
