Македонија
2. November 2025 - 17:57

Излезноста до 17 часот на ниво на држава е 34,62%

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до 17 часот во вториот круг од локалните избори гласале 34,62 проценти од избирачите, односно 350.261 граѓанин.

Овој процент е понизок во споредба со првиот круг, кога до истиот термин излезноста изнесуваше околу 40 проценти.

Највисока излезност е забележана во општина Конче со 64,44 проценти, а потоа следуваат Росоман (63,58%), Дојран (62,96%), Лозово (62,78%), Демир Капија (62,71%) и Крушево (61,89%).

Најмала излезност и овојпат има во Сарај – само 8,77 проценти, и во Чаир каде до 17 часот гласале 12,04 проценти од запишаните избирачи.