Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите

Високите очекувања околу објавувањето на видеоиграта GTA VI ги користат и измамниците кои се обидуваат да украдат пари, информации за платежни картички и податоци за пристап на корисниците, предупредуваат експерти за кибер безбедност.
Видеоиграта на компанијата Rockstar Games официјално ќе биде објавена в четврток, но високиот интерес на корисниците ги активираше и измамниците кои поставуваат лажни онлајн продавници, нудат наводно ексклузивни верзии на играта и ветуваат пристап пред официјалниот датум на објавување, јави BFM Business.
Во октомври, компанијата за кибербезбедност Kaspersky објави извештај според кој 200 сомнителни интернет домени поврзани со таа видео игра биле регистрирани за само 24 часа, од кои околу 10 проценти биле означени како особено ризични. Меѓу нив се и лажни верзии на онлајн продавници за конзоли PlayStation и Xbox, кои бараат од корисниците податоци за најавување и информации за платежни картички, што им овозможува да крадат пари и сметки.
Особено опасни се понудите за наводен ран пристап до видео играта GTA VI пред нејзиното официјално објавување, забележуваат експертите.
Некои страници им нудат на корисниците да преземат датотека наречена „GTA VI.exe“, која всушност содржи злонамерен софтвер за кражба на податоци.
Таквите програми можат да соберат сè што корисникот ќе го напише преку тастатурата, како и податоци складирани на компјутерот, вклучувајќи податоци за пристап до крипто паричници.
Измамниците исто така нудат бесплатни кодови за активирање за играта, но бараат од корисниците да плаќаат во криптовалути за наводни трошоци за обработка.
Се појавија и понуди за украдени копии од видео играта, како и за мобилната верзија на „GTA VI“, иако издавачот не објави објавување за уреди со оперативни системи „Android“ и „iOS“.
Проблеми се забележани дури и при купување преку официјални продажни канали. Некои купувачи на физички изданија откриле дека кодовите за активирање за „GTA“ во нивните пакети веќе се користени.
Причината, според извештаите, е што кодовите се отпечатени на капакот на кутијата, наместо на посебен лист хартија, така што можат да се копираат без да се отвори пакетот.
Истражувачката компанија Њузу претходно процени дека „GTA VI“ би можела да постигне продажба помеѓу 3,3 и 5,2 милијарди долари до крајот на првата недела по објавувањето.
МИА
Ново на Сител
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
-

Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите, ќе се прецизираат роковите
