Изминатиот викенд 1343 сообраќајни прекршоци, 546 за брзо возење
На подрачјата на сите сектори за внатрешни работи во текот на изминатиот викенд полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издале вкупно 1343 платни налози, а претежно по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ).
МВР денеска соопшти дека според статистичките податоци, специфично за деновите од викендите и натаму најголемиот број изречени прекршоци се однесуваат на непочитување на брзината на движење 546, за непрописно паркирање беа изречени 120 мерки, за непоседување на возачка дозвола изречени се 137 санкции, потоа 121 мерка за некористење на сигурносен појас, како и 47 изречени санкции за користење на мобилен телефон.
- Во деновите на викендот санкциониран е 21 возач за минување на затворен сигнал (црвено светло), додека пак 43 возачи се исклучени од сообраќај бидејќи управувале возило под дејство на алкохол. Исто така санкционирани биле десет возачи на мотоцикли поради неносење заштитна кацига, изречени се четири мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, а санкционирани биле и тројца возачи на електрични тротинети, соопшти МВР.
Во рамки на контролите, санкционирани се и 24 возачи за управување нерегистирано возило, а исклучени од сообраќај биле седум возила заради техничка неисправност согласно Законот за возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Ново на Сител
-
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-
САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца
-
Меџити: Таравари и Ахмети предвиделе се, но не и дека ќе го исфрлиме од ВЛЕН и од Владата
-
Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција
-
САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела
-
Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина
-
Oбвинителен акт против десет лица за продажба на кокаин и марихуана
-
Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни