Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, уапсено 21 лицe за безобѕирно управување на возило

Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1433 издадени платни налози, 861 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, пет поради претходно изречена забрана за управување на возило.
Во истиот период одземени се седум возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 176 прекршоци за неправилно паркирање, како и 45 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 15 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и девет пешаци. Исто така санкционирани се 75 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, 11 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а едно заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик
-

Лавров: И покрај изјавите „ништо реално не се случува“ во односите меѓу САД и Русија
-

Казината најмалку 500 метри од училишта, забрането нивно рекамирање, од кладилниците се отстрануваат апаратите
-

Евросонг: Пет земји секогаш имаат сигурно место во финалето
-

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
-

Повредата на Дончиќ е посериозна отколку што претходно се мислеше
-

Втор ден од Самитот „Македонија 2025“
-

Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот
