Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило

Во текот на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, шест поради претходно изречена забрана за управување на возило, еден поради возење во забранет правец.
Во истиот период одземени се 20 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот продолжен викенд евидентирани се 198 прекршоци за неправилно паркирање, како и 35 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 10 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 10 пешаци. Исто така санкционирани се 193 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 12 заради техничка неисправност.
Санкционирани се и девет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
-

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае
-

Вчеравечер почувствуван земјотрес од 5 степени по Рихтер во југоисточните делови на Македонија
-

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон
-

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш
-

Без струја делови од Карпош и Кисела Вода
