Изминатите три дена 1937 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 447 за брзо возење
Полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава во текот на изминатите три дена регистрирале вкупно 1937 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во помала мера и по основ на Законот за возила.
Како што соопшти МВР, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради неприлагодена брзина на движење изречени биле 447 санкции, за неправилно паркирање 519, додека пак 186 учесници во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.
Исто така, за 115 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 117 лица се казнети за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 99 лица заради неносење заштитен шлем. Покрај ова евидентирани се 19 случаи на минување на црвено светло, изречени се 21 прекршочен платен налог за пешаци, додека пак од сообраќај се отстранети 19 возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.
Согласно Законот за возила во посочените три дена од неделава биле изречени и осум прекршоци по основ на технички неисправни возила и 53 по основ на возила коишто не биле регистрирани.
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Вардар елиминиран од Лозана во Конференциската лига на УЕФА
-
Кошаркарите без „Северна“ на дресовите
-
Алкалоид на висински подготовки во Маврово
-
Кадетките на Македонија поразени од Словачка на ЕП
-
Бутел со пет нови играчи во составот за новата сезона
-
Тошковски: Безбедноста во сообраќајот е приоритет за МВР, продолжуваат засилените контроли
-
ЦУК: Од 13 пожари за 24 часа, 12 се изгаснати, еден под контрола
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“