Свет
12. January 2026 - 8:19

Израел и Германија потпишаа безбедносен договор против Иран

 Израел и Германија потпишаа договор за соработка во сферата на безбедноста, насочен против заканите од Иран и неговите сојузници во регионот, соопшти канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Договорот, потпишан од премиерот Нетанјаху и германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, ги осудува активностите на Техеран, како и на групите Хезболах, Хамас и јеменските Хути. Во документот се наведува дека овие актери ја загрозуваат не само безбедноста на Израел, туку и меѓународната стабилност.

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, по средбата со германскиот колега, упати повик до Европската Унија итно да ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација.

– Ова одамна е позиција на Германија, а денес значењето на ова прашање е јасно за сите, истакна Саар. 

МИА