-->
-->
Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
-->

Израелската војска соопшти дека во изминатите 24 часа нападнала 85 цели што и припаѓаат на милицијата Хезболах во Либан, јави ДПА.
Напднати биле складишта за оружје, лансирни рампи и друга воена инфраструктура. Војската ги оправда своите акции како одговор на заканите против израелските цивили и војници во јужен Либан.
Уништен е и подземен објект во долината Бека, кој наводно го користел Хезболах за производство на оружје и нападнати биле борци на милицијата Хезболах во јужен Либан.
Израелската војска го обвини Хезболах за испукање на неколку ракети кон војниците во јужен Либан во изминатите денови. Немаше извештаи за повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
