Израел започна нов бран напади врз цели во Иран и Либан

Израел утринава започна нов бран напади врз цели во Иран и Либан, соопшти израелската армија, пренесе ДПА.
„Израелските одбранбени сили започнаа дополнителен бран напади врз инфраструктура на иранскиот терористички режим во централниот дел на Иран“, се наведува во соопштението објавено на платформата Телеграм.
Израелската армија соопшти и дека погодила цели на проиранската групација Хезболах во Бејрут.
Претходно денеска израелската војска информираше за повеќекратни ракетни напади од Иран врз Израел.
Сирени за воздушна опасност повторно се огласија во Тел Авив и во други делови на земјата. Противвоздушната одбрана била активирана, соопшти армијата во објава на Телеграм. Подоцна воздушната тревога беше укината.
Иран вчера соопшти дека од почетокот на борбените дејствија на 28 февруари испукал најмалку 500 балистички и крстосувачки ракети и повеќе од 2.000 борбени дронови, главно кон Израел.
МИА
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Берово минус 6, денеска температури до 20 степени
-

Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин со специјален лет се враќаат во земјава
-

Одбележување 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка
-

Белата куќа вели дека САД нема да бидат „задоволни“ ако Русија споделува разузнавачки информации со Иран
-

37 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот
-

Шест лица загинаа, неколку се повредени во пожар во автобус во Швајцарија
-

Голем ирански напад со ракети и дронови врз Израел и земјите од Заливот
-

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода
