Израелската армија повторно нападна цели во главниот град на Јемен, Сана
Израелската армија (ИДФ) го нападна главниот град на Јемен, Сана, еден ден откако Хутите презедоа одговорноста за нападот со беспилотно летало врз хотел во израелското одморалиште Еилат на Црвено Море, објави телевизијата „Ал-Масира“, контролирана од јеменските бунтовници.
Според очевидци ИДФ ги нападнала јужните и западните квартови на Сана.
Јеменските бунтовници контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден.
Од октомври 2023 година, кога почна војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Како одговор на нападите, Израел постојано напаѓа цели во областите на Јемен контролирани од Хутите
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени
-
Ахмети: Скршнување од патот кон ЕУ ќе предизвика поделби