Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на нападите врз Газа.
– Не е тајна дека не се сложувам со премиерот. Мислам дека во Газа треба да се спроведуваат целни убиства, ликвидирање на 30 до 40 луѓе секоја ноќ. Не само оние кои се непосредна опасност – таму има и луѓе кои не се достојни за живот. Не би требало да живеат. Тие не се дури ниту луѓе, рече тој.
Слични изјави на Бен-Гвир и други израелски официјални лица порано беа осудувани. Во повеќе наврати се доставувани до Меѓународниот суд за правда на ОН како доказ за геноцидни намери.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
