Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај

Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилен сообраќај, односно за сите полетувања и слетувања на меѓународниот аеродром Бен Гурион, соопшти Управата за аеродроми на Израел.
Во соопштението се наведува дека евентуалната одлука за повторно отворање на воздушниот простор ќе биде најавена најмалку шест часа однапред.
Управата за аеродроми, заедно со израелските авиокомпании, Министерството за сообраќај и безбедност на патиштата и Управата за цивилно воздухопловство, работи на план за враќање на израелски државјани кои се заглавени во странство.
„Целата флотила и екипажите се подготвени за акција веднаш штом тоа ќе биде можно“, се наведува во соопштението.
Сепак, од управата предупредуваат дека тоа би можело да потрае, во зависност од безбедносната состојба.
Граничните премини со Јордан и Синај се отворени и функционираат за патнички и деловен сообраќај.
Ново на Сител
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
