Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
При акциската контрола на територијата на ОВР Кичево за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, полицијата санкционирала 86 возачи.
-Од нив 25 лица се казнети за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, еден возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, двајца возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, еден возач кок управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, еден возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, соопшти МВР.
Две мерки биле изречени кон возачи кои, исто така, вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени се два мотоцикли по член 344 од ЗБСП и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и пропис.
Ново на Сител
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира ниту по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница
-
Лишен од слобода крадец во Куманово
-
Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува