Извештај на американскиот Конгрес: Државата со години не ги спречи злоставувањата на Епстин

Американските федерални власти со децении не успеаја да го спречат осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, во манипулациите и сексуални злоставувања млади жени и девојки и покрај бројните докази за неговите злосторства, покажува извештајот објавен денеска од републиканците во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом.
Истрагата, која траеше 15 месеци, вклучуваше 19 транскрибирани интервјуа со сведоци, вклучувајќи ги и некои од најважните соработници на Епштајн, како и анализа на финансиска документација, документи на Министерството за правда и материјал од имотот на Епштајн, објави Си-би-ес Њуз (CBS News).
„Речиси секоја фаза од случаите што ги разгледа Комитетот покренува вознемирувачки прашања за тоа како Џефри Епштајн и (неговата соработничка) Гилејн Максвел, кои сексуално злоставуваа и тргуваа со млади жени и девојки, ја избегнуваа одговорноста толку долго“, наведуваат републиканците во извештајот.
Републиканците во Комитетот за надзор изјавија дека Епштајн ги напаѓал ранливите млади жени и девојки, ветувајќи им „деловни можности и удобен живот“, сè додека жртвите на неговите злосторства не биле целосно зависни од него и подложни на неговата волја.
Како што се наведува во извештајот, луѓето околу него најчесто го слушале слепо додека манипулирал со младите жени.
Во извештајот се истакнува дека „намерното замижување“ пред постапките на Епштајн било присутно на сите нивоа, од неговите најблиски вработени, долгогодишниот адвокат, сметководителот и личниот асистент, кој организирал дневни масажи и ги чувал неговите контактни евиденции, до влијателни пријатели кои, и покрај бројните предупредувачки знаци, тврделе дека не се сомневаат дека тој злоупотребува жени или извршува какви било кривични дела.
Авторите на извештајот препорачаа Министерството за правда да покрене нови истраги за луѓето од неговото окружување, а Конгресот да усвои закон што ќе спречи злоупотреба на договорите за доверливост за заштита на жртвите на сексуална злоупотреба.
МИА
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
