Извозот од земјава во јануари-февруари изнесува 75 650 милиони денари, што е пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период лани

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 75 650.4 милиони денари и бележи пораст од 1.6 проценти во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 112 862.3 милиони денари, што е за 4.9 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 37 211.8 милиони денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – февруари 2025 година, изнесува 67.0 проценти.
- Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија, се вели во соопштението од ДЗС.
Во периодот јануари – февруари 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1 229.4 милиони евра и бележи пораст од 1.8 процент во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 834.2 милиони евра, што е за 5.1 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 604.7 милиони евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 1 276.7 милиони САД долари и бележи пад од 2.6 проценти однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 904.1 милион САД долари, што е за 0.6 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – февруари 2025 година, изнесува 627.4 милиони САД долари.
Ново на Сител
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
-

Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3 денари за литар
-

Тема на денот со Арун Кумар Саху, амбасадор на Индија во Македонија
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
