Ја однел сопругата во шума, ја врзал за дрво и ја тепал со тврд предмет, уапсен 27-годишен скопјанец

Дваесет и седумгодишен скопјанец е приведен откако неговата сопруга го пријавила дека физички ја нападнал во семејниот дом, а потоа ја однел во шумски предел, каде што ја врзал за дрво и повторно ја нападнал.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 септември во 20:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Ф.Д.(27) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 21-годишна сопруга. Таа пријавила дека најпрво физички ја нападнал во нивниот семеен дом, по што ја однел во шумски предел во скопско.
Според пријавата, таму 27-годишникот ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
