Ја задавил поранешната сопруга, па наместил ураганот да го однесе телото

Поранешниот сопруг на 37-годишната Кристал Мекдовел, која исчезнала ден пред Харви да удри во Хјустон, се појавил пред судот, каде го признал злосторството.
Кристал живеела со поранешниот сопруг, Стивен, бидејќи нејзиниот дом се реновирал. Меѓутоа, таа се забавувала со друг маж неколку недели. Постои сомнение дека љубомората на Стивен била мотив за убиството.
44-годишниот Стивен им признал на полицајците дека ја задавил Кристал во дневната соба, додека нивните деца на возраст од 5 и 8 години спиеле во соседната соба.
Злосторството се случило непосредно пред ударот на ураганот Харви.
"Мислам дека Стивен добро знаел што прави. Знаел дека доаѓа олуја и се надевал дека таа ќе му помогне да ги сокрие трагите", рекло момчето на Кристал, Пол.
Стивен во полицијата ги признал сите детали од злосторството, па така рекол дека телото го фрлил во шума. Четири дена по исчезнувањето, нејзиниот автомобил бил пронајден на поплавен паркинг пред мотел.
На Стивен му е одреден притвор, а децата се сместени кај роднини.
Ново на Сител
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
