Јаневска: Ги сервисираме редовно долговите, УКИМ ќе има електрична енергија

Електрична енергија на УКИМ има. Точно е дека има долгови за електрична енергија, меѓутоа, вчера, во „Службен весник“ излезе ребалансот на буџетот, долговите редовно ги сервисираме - изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Некои од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и зградата на Ректоратот вчера немаа електрична енергија поради неплатени сметки кон операторот што ги снабдува. По неколку часа, струјата им беше вклучена, но, како што објавија некои медиуми, им бил даден рок долгот да биде подмирен до петок.
Според Јаневска, факултетите не треба да стравуваат од повторно исклучување.
- Ние ги сервисираме редовно тие долгови и длабоко сум убедена дека ќе немаме ваков проблем, рече министерката по посетата на Институтот за историја на Филозофскиот факултет на УКИМ, по повод 80 години од неговото основање.
Во врска со поплаки од студенти дека кај сите не функционираат дигиталните билети за превоз во автобусите на ЈСП „Скопје“, а во меѓувреме градското сообраќајно претпријатие им ги укина хартиените, Јаневска одговори дека не е запозната дека има проблем.
-Но, доколку и има проблем, длабоко сум убедена дека раководството на ЈСП итно ќе го реши тој проблем на студентите, додаде Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Двоцифрен развој на прометот со над 29,57 милиони продадени производи: dm бележи уште една успешна година
-

Приведен 45-годишен маж за физички напад врз малолетната ќерка
-

Вработен во пошта пријавил закани на работното место
-

21-годишна девојка тешко повредена откако со возило излетала од патот
-

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје
-

Во текот на ноќта и утре претпладне засилен ветер и дожд
-

Eдната ја држела, а другата ја горела со цигара - нов тежок случај на врсничко насилство во Кавадарци
-

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
