Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик. Од Министерството за образование и наука денеска соопштија дека приоритет ќе имаат апликанти кои сакаат да студираат во областа на наука, технологија, инженерство и математика (СТЕМ), како и медицински и здравствени науки и земјоделство.
Меморандумот за разбирање со кој се регулира соработката во рамките на Програмата Стипендиум Хунгарикум за периодот 2026–2028 година денеска го потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
Меморандумот предвидува студентите да добиваат платена школарина, сместување во студентски домови во кампусот на високообразовната институција или средства за покривање на трошоците за сместување, право на здравствени услуги, користење на бесплатни библиотечни услуги, како и месечен надоместок за покривање на основните трошоци.
- Министрите Јаневска и Сијарто се согласија дека потпишувањето на Меморандумот ги потврдува и јакне пријателските односи меѓу двете земји и ја унапредува соработката во областа на високото образование, во интерес на развој на општество базирано на знаење, се наведува во соопштението.
Стипендиите ќе се доделуваат за редовни додипломски, постдипломски, едностепени магистерски студии и за докторски студии. Исто така, и за скратени студии од три до десет месеци за стекнување академски кредити.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
