Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе

Не гледам логика да се протестира за мерка со која на студентите им се нуди повеќе од она што го имаат во моментов, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, коментирајќи ја најавата за студентски протест поврзан со студентскиот оброк.
Одговарајќи на новинарско прашање за време на натпреварот за бизнис-идеи на средношколци во организација на Brainster Next, Јаневска рече дека правото на протест е загарантирано, но оти не гледа основа за незадоволство во случајот со предложените измени.
- Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката - истакна Јаневска.
Таа информира дека е формирана работна група која работи на решенијата поврзани со студентскиот оброк и оти процесот се одвива интензивно.
-Формирана е работната група, многу брзо се развива проектот. Заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија и мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението - нагласи министерката.
Јаневска додаде дека Министерството континуирано вложува во подобрување на студентскиот стандард преку инвестиции во студентските домови, научноистражувачката дејност и други мерки наменети за младите.
МИА
Ново на Сител
-

Од вторник построги услови за купување втор стан
-

Заврши состанокот на процесот Брдо-Бриони: Проширувањето да биде императив
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Расчистено убиството кај Смилковско - осомничениот открил како го извршил делото
-

Главната расправа за случајот со претепаната Сара одложена
-

Со боди камери и видеоповици ќе се документира семејното насилство
-

Западен Балкан бара побрза евроинтеграција
-

„Блек фрајдеј“ под лупа, инспекторите ќе проверуваат дали попустите се реални или маркетиншки трик
