Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
Наставниците реагираат на новиот е-дневник дека е нефункционален, сиситемот паѓа а тие не можат да внесат податоци во него. Коментираат дека немало потреба да се менува дневникот бидејќи сега се соочени со проблеми – внесуваш податоци не прифаќа, грешки појавува, брише, не снима... ама Унапреден е се само дел од коментарите на наставниците.
Министерката тврди дека новиот електронски дневник е работен како проект на ЕУ и е награден и осовремен. Јаневска тврди дека функционира и точно е дека не може во него да се интервенира откако еднаш ќе бидат внесени оценките и програмите.
Учениците се жалат дека добиле искинати или учебници во кои фалат голем број страници, некои од нив пак се 9-та генерација што преземале учебник а законската рамка е 5 години. Издавачките куќи кои ги печателе новите учебници објавиле дека материјалите се испорачани.
Министерката вели она што го побарале училиштата тоа е испорачано. Постојат училишни комисии кои требало да утврдат но и да ги наплатат оштетените книги вели Јаневска, но податоци за тоа колку учебници се обештетени нема.
Најсериозен предизвик останува учебникот по историја за 8-мо одделение кој беше повлечен по одлуката на мешовитата историска комисија со Бугарија.
Инаку во МОН беше презентиран водичот за примена на вештачката интелегенција по предметите математика, природни науки, јазици, историја и општествени науки. Документет е на 120 страници.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар