-->
-->
Јаневска: Околу 30 ученици испратени на меѓународни научни олимпијади без грижа за трошоци
-->

Околу 30 ученици биле испратени минатиот и овој месец да ја претставуваат нашата земја на меѓународни научни олимпијади, без грижа за нивните семејства дали ќе можат да ги покријат трошоците за патување и котизација, информираше попладнево министерката за образование и наука Весна Јаневска на Фејсбук.
Јаневска додаде дека Министерството за образование и наука и Владата целосно ги финансираат, втора година по ред.
- Така ќе биде и понатаму. Нашите таленти заслужуваат целосна поддршка за да напредуваат, да ги развиваат своите знаења и да покажат дека Македонија има млади луѓе кои рамноправно се натпреваруваат со најдобрите во светот - порача министерката во објавата на социјалната мрежа.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
