Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк

За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да ги добијат парите.
Одговарајќи на новинарски прашања, министерката рече дека МОН ги контактирало факултетите и побарало ажурирање на списоците.
-За разлика од претходниот месец, овој месец имаме многу поголем број студенти коишто ќе си добијат студентски оброк, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред свеченоста по повод 70 години од основањето на Бирото за развој на образованието.
Во однос на пропустите откриени од Агенцијата за храна и ветеринарство кај поголем број сендвичарници во близина на училишта и како може да влијае МОН, Јаневска одговори дека Министерството нема ингеренции на тоа „ниту кој што отвора, ниту каде отвора“.
-За тоа водат сметка други институции. Но, она што ние како МОН го правиме и што ќе го правиме во иднина е воведување програми за здрав живот, здрава исхрана и борба против обезност, дијабетес итн. Во Природни науки имаме внесено теми за здрава исхрана, а имаме и слободни активности, изборни предмети, проекти со партнерски организции во кои се потенцира здравиот начин на живот, борбата против злоупотреба на алкохол, тутун, дрога, против агресијата во училиштата итн. Имаме многу такви програми и интензивно ќе продолжиме да работиме на тоа, додаде Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
-

Јапонија додели два гранта за здравството и противпожарната заштита во земјава
-

Мицотакис: Не ни треба посредник во разговорите со Турција
-

Руте греши во врска со европската одбрана, сметаат аналитичарите Девеса и Алесандри
-

Маск го спои „Спејс-Икс“ со компанијата „Икс-А-И“
-

Приведени осум возачи, управувале возила со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка
