Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници. Во услови на густ сообраќај и без посебни жолти ленти, автобусите тешко се движат низ градот, а камерите ги казнуваат дури и кога поради должината на возилото не успеваат навреме да поминат на зелено светло. Тоа ги чини 250 евра олеснување на паричникот, но и одземање на возачката дозвола.
„Голем е сообраќајниот метеж. Имаме чекање многу, автобусите не може да стигнат од точка А до точка Б навремено. Посебно имаме пробелм на сообраќајниците каде што, кога имате знаете, сообраќаен метеж, семафорот трепка зелено неколку секунди, автобусот е долг тој додека да помине има проблем – камерата ќе го слика и автоматски изрекуваа казни од 250 евра“, Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници во Град Скопје.
Предупредуваат дека ако повеќе возачи добијат ваква казна во рок од една седмица, ќе следува колапс на автобускиот јавен превоз.
„Замислете 10, 20 возачи да добијат таква казна и таква забрана, ние ќе бидеме принудени да ги паркираме автобусите. Затоа што ќе немаме замена, ќе немаме кој да ги вози автобусите“, додава Зафировски.
Од почетокот на февруари од кај нив само еден возач заработил казна. Од надлежните бараат автобусите да се вметнат во посебна категорија, каде ќе имаат посебен траг на толеранција. Дополнително, како решение нудат и нивниот GPS да се поврзе со семафорите, за да бидат дел од смарт зелениот бран. Со ова, автобусите значително брзо ќе циркулираат низ скопските улици.
Градските власти одлучија секој возач на ЈСП на кој ќе му стигне казна дека прекршил некое сообраќајно правило – сам да си ја плати истата. Ова предизвика револт кај дел од вработените. Возачите кои инсистираа на анонимност велат дека овие казни претставуваат голем финансиски товар и на онака ниските плати кои ги земаат. Бараат надлежните да изнајдат друго решение.
Ние прашавме во ЈСП колку возачи заработиле казни, но одговор не добивме.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
