Македонија
28. February 2024 - 16:41

Јани и Леонид не можат на роботска рехабилитација во Козле

Апаратот за роботска рехабилитација кој беше промовиран во декември, се уште не е во функција. Од Клиниката за физикална медицина во Козле велат дека го користат само интерно, во тек е обуката на физиотерапевти кои ќе работат со него а чекаат и референтна цена од Фондот за да им биде достапен и на пациенти од надвор. Но изготвен е правилник согласно кој ќе се знае кои се индикациите а кои контраиндикациите од ваквата терапија

Пациенти со декубити и пациенти со трахеостома не можат да ја користат роботската рехабилитација во Козле, ни потврдија од Клиниката. Велат дека во правилникот кој наскоро ќе биде јавно достапен се било јасно регулирано.

Од овие изјави, Леонид Индов и Јани Иванов кои имаат параплегија при повреди на одмор и во моментот се на третман во странски центри, не само што не можат да бидат третирани на апаратот во Козле, туку нема и бањи во Македонија каде примаат вакви пациенти.  Нивните семејства финансиски исцрпени бараат помош за да можат нивните децата да продолжат со лекувањето во Виена и лариса откако претходно Фондот им ги одби барањата и покрај конзилијарните мислења.

Таткото на Лео поднел жалба до Фондот, додека, пак, за Јани ни одговорија дека биле поминати сите рокови за жалба. Таткото на 19 годишното момче од Неготино вели имаат пари само за уште еден месец престој во Грција и затоа денеска упати јавна порака и апел до надклежните здравствени власти.

-Овде во нашата земја нема каде да го носиме нашиот син и затоа јавно апелирам до Фондот, до министерството за здравство да го разгледаат повторно нашето барање и да донесат правилна одлука, вели Васил Иванов, татко на Јани.

Заменик народниот правобранител најави иницијатива за промена на законските решенија кои не дозволуваат медицинска рехабилитација во странство. Од друга стрна, освен стариот повеќе децениски правилник, тажните приказни на Леонид и Јани според познавачите на работите е доволењн аларм под итно да биде изграден центар за третман на вакви пациенти.

Состојбата со Леонид ја крена јавноста на нозе и сите донираат за да може да остане во Австрија. И сограѓаните на Јани изминатата година со хуманитарни активности му помагаат на семејството за да има подобрување на неговата состојба.

Но она што недостасува е системско решение од надлежните инситутции.