Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
Женско лице попладнево околу 14 часот паднало кај охридската населба Канео, кај карпите што се издигаат над јужниот брег на Охридското Езеро. Станува збор за повозрасна жена, туристка од Јапонија, која паднала на скалите кај црквата „Свети Jован Канео“, при што се здобила со полесни телесни повреди.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ја потврди информацијата, посочувајќи дека веднаш по дојавата за случајот на самото место биле испратени полициска и екипа на Службата за итна медицинска помош. Жената која била во бесознание била згрижена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, каде по укажаната медицинска помош ги повратила нормалните животни функции и е во стабилна состојба.
Според неговите зборови, увидот на местото на несреќата укажува дека нема траги на насилство, односно дека се работи за несреќен случај.
Ново на Сител
-
Трамп: Не планирам да ја продолжам паузата од 90 дена за воведување на царините
-
Шест пожари за еден ден во кумановско
-
Волстрит џурнал: Руските сили ја преминаа украинската граница и напредуваат кон Суми
-
Од утре забрана за движење во шумите
-
Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран
-
Трамп: Има група многу богати луѓе кои би го купиле ТикТок
-
Нетанјаху: Војната со Иран создаде можност за враќање на заложниците од Газа
-
9-годишно девојче со потекло од Македонија се удавило во река во Италија