-->
-->
Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-->

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор, подготвен во рамки на усогласувањето со правото на Европската Унија и европските политики во оваа област ќе се одржи денеска во организација на Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Фондација Метаморфозис.
Во рамки на настанот ќе бидат промовирани ажурираниот Портал за отворени податоци, како и ВИ асистентот (чат-бот) развиен во соработка со Македонски Телеком.
На настанот ќе присустува и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој по воведните обраќања ќе даде изјава за медиумите во 10:15 часот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
