ЈО и ДЗР: Зајакнување на соработката за заштита на јавниот интерес

Државниот јавнен обвинител Ненад Савески денеска имаше работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија предводен од главниот државен ревизор Максим Ацевски и заменик-главниот државен ревизор Орхан Адеми.
На состанокот, информираат од ЈО, беше изразено задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка, а се разговараше и за нејзино продолжување и продлабочување со посебен акцент на унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство (ЈО).
-Во фокусот на дискусијата беше и реализацијата на заеднички активности насочени кон уште поефикасно постапување по состојбите утврдени во ревизорските извештаи, како и зајакнување на владеењето на правото, отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства, како и потребата од дополнителна координација со надлежните институции, како Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, во насока на обезбедување соодветен одговор и постапување од страна на надлежните органи, соопшти ЈО.
МИА
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
